Лионел Меси помалку изненадувачки одлучи кариерата да ја продолжи во Интер Мајами, каде вчера беше официјално претставен.
Првиот натпревар на Меси во МЛС би можел да биде на 21 јули, кога Мајами е домаќин на Круз Азул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според компанијата TickPick, која продава билети, во вторникот најевтиниот билет за тој натпревар чинел 29 долари додека еден ден подоцна, кога било потврдено доаѓањето на Меси, цената скокнала на 329 долари.
Маркетинг менаџерот на TickPick, Кајл Зорн, изјави дека тоа би можело да биде најскапиот натпревар во историјата на МЛС.
„Имаше инстантен скок на цените на билетите за натпреварите на Интер Мајами кога се појави гласината за доаѓањето на Меси. Со оглед на статусот на можеби најдобриот играч во светот, секогаш кога Мајами ќе игра на гостински терен, ќе имаме рекордни цени на билетите“, изјави Зорн.