Целиот тим на Јувентус оди во изолација откако Хамза Рафиа доби позитивен тест на коронавирус.
Рафиа е 22 годишен репрезентативец на Турција кој од 2019 година игра за младиот тим на гигантот од Торино, а единствениот настап за првиот тим го забележа во есен оваа година кога и постигна гол во победата против Џенова (3:2) во продолженијата од осминафиналето во Купот на Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој ќе помине изолација оид 10 дена и е одвен од остатокот на тимот, додека останатите играчи ќе продолжат со тренинзите, но не смеат да имаат контакт надвор од екипата.
Јувентус треба да игра натпревар со Барселона на 8. август, но сега тој натпревар е под знак прашалник. Ситуацијата ќе биде појасна после наредните тестирања во тимот од Торино. Ако натпреварот се игра Рафиа сигурно нема да биде во комбинација за настап.