Дома Фудбал Цел Мадрид бара Бејл да биде исфрлен од тимот, Зидан донел неочекувана одлука

Цел Мадрид бара Бејл да биде исфрлен од тимот, Зидан донел неочекувана одлука

Герет Бејл продолжува да прави проблеми во Реал, а последниот го направи вчера додека со Велс го славеше пласманот во групната фаза од Европското првенство.

Бејл со повеќе фудбалери славеше со знаме на кое стоеа три приоритети во неговиот живот: „Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мадрид Спорт“ порача дека Реал со Бејл треба да го раскине договорот уште веднаш бидејќи тоа потег кој не смеел да си го дозволи. Навивачите и новинарите блиски на Реал се исто така бесни на потегот на Велшанецот.

Иако сите очекуваа жестока реакција од Зидан тоа не се случи. Францускиот стратег одлучи да не го коментира „случајот Бејл“ за да не прави поделби во соблекувалната пред продолжението на турбулентната сезона.

Ако Зидан поради атмосферата во соблекувалната му простил, навивачите сигурно нема, па може да очекуваме свирежи за него веќе во следниот домашен натпревар на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајката на Рабио избувна: Раководството на Марсеј е некомпетентно и намерно сака да се ослободи од Адриен

Мајката и агент на Адриен Рабио – Вероник, упати жестока тирада кон Марсеј по одлука…