Дома Фудбал Италија Цела Италија зборува за ова: Видео технологијата направи огромна грешка!

Цела Италија зборува за ова: Видео технологијата направи огромна грешка!

Лацио синоќа на свој терен загуби од Торино со 3:1 во ракмите на 16-то коло од Серија А, но натпреварот предизвика големи полемики.

Мечот на „Олимпико“ го одлучи една контроверзна ситуација на крајот на првото полувреме кога на Лацио не му беше досуден чист пенал, притоа остана со играч помалку бидејќи во продолжение на акцијата Имобиле реагираше нервозно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За целата ситуација да биде уште потрагична своја улога има и видео технологијата (ВАР). Имено, иако беше очигледно дека Јаго Фалке игра со рака во својот шеснаесетник, судијата не се одлучи да ја види повторената снимка, а при расправијата помеѓу Имобиле и Бурдисо го направи тоа и му покажа црвен на напаѓачот.

Ова е денес главна вест во цела фудбалска Италија, бидејќи е доказ дека видео технологијата ако не е правилно користена може да предизвика тотален хаос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…