Дома Останати Кошарка НБА Хјустон реди порази, Индијана го изненади Далас, Дончиќ до нов дабл-дабл (ВИДЕО)

Хјустон реди порази, Индијана го изненади Далас, Дончиќ до нов дабл-дабл (ВИДЕО)

Хјустон продолжи со лошите настапи, изненадувачки пораз дома запиша и Далас.

Рокетси четврти пат во низа се поразени, сега подобар од нив беше Орландо и тоа со убедливи 126:106. Најаефикасен во победата беше Аугустин со 24 поени, додека значаен допринс со по 16 поени и скокови даде Никола Вучвевиќ. Кај поразените најефикасни беа двете први ѕвезди на Хјустон Расел Вестбрук (24) и Џејмс Харден (23).

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Индијана го изненади Далас на гости победувајќи го со 109:112. На домаќинот не му помогна ниту новиот одличен настап на Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 36 поени и 10 скокови. Гостите со 20 поени и 17 скокови ги предводеше Домантас Сабонис.

Продолженија беа играни во Кливленд каде што домаќинот славеше над Сан Антонио со 132:129. Во натпреварот со неколку пресврти подобро се најде тимот предводен од Андре Драмонд кој натпреварот го заврши со 28 поени и 17 скокови.

Победи запишаа уште Њујорк Никси над Детроит 96:84, потоа Мајами над Вашингтон со 89:100 и Торонто над Сакраменто со 113:118.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…