Дома Кошарка Леброн го одведе Лејкерс во битка за трофејот во новото натпреварување на НБА

Леброн го одведе Лејкерс во битка за трофејот во новото натпреварување на НБА

Лос Анџелес Лејкерс обезбедија пласман во финалето на НБА Купот откако во изминатата вечер го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 133:89 во вториот полуфинален меч од завршниот турнир во Лас Вегас.

Противник на „Езерџиите“ за историскиот трофеј во новото натпреварување ќе биде Индијана која го совлада Милвоки Бакс со 128:119.

Лејкерс беа предводени од фантастичниот Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 30 поени и шут 9/12 од поле, 4/4 од три поени, додавајќи осум асистенции и пет скока. Треј Марфи со 14 и Зион Вилијамсон со 13 беа најефикасните кај Њу Орлеанс.

Индијана до победата беше предводена од Тајрис Халибартон со дабл-дабл од 27 поени, 15 асистенции и седум скока. Во редовите на Милвоки се издвои Јанис Адетокумбо со 37 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно.

Финалето се игра ноќта помеѓу сабота и недела по македонско време од 02:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Бешикташ се разбуди во финишот: Пресврт за победа кај Асвел

Тимот на Душан Алимпијевиќ славеше со 95:91, иако Асвел ја контролираше предноста речиси д…