Бразилскиот фудбалер, Хулк после четири години ќе го напушти кинескиот Шангај ШИПГ и ќе се врати во Европа.
Хулк пред четири години од Зенит за 60 милиони евра се пресели во Шангај и беше убедливо најплатен фудбалер во Кина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговиот договор со Шангај завршува на крајот на месецот, па Хулк се спрема за враќање во Европа.
„Разгледувам многу понуди од Бразил, но и од многу други клубови ширум Европа. Имам понуди од Турција, Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Германија“, изјави Хулк пред неколку дена.
Сега медиумите го објавија и можниот клуб.
Наводно, Вулверхемптон размислува како замена за повредениот Раул Хименез да се обиде да го доведе Хулк. Ќе потсетиме Хименез заработи тешка повреда во дуелот со Давид Луиз и подолго време ќе биде надвор од терените.
Проблем за да се реализира оваа зделка би можела да биде платата, Хулк во Вулвс би морал да прифати намалување и сигурно нема да може да смета на сумата од 400.000 евра која му се исплаќаше во претходните четири години во Кина.