Дома Фудбал Репрезентации Хрватска и дефинитивно го загуби младиот талент, Германија добива одлично засилување

Хрватска и дефинитивно го загуби младиот талент, Германија добива одлично засилување

Борна Соса и самиот потврди дека во иднина ќе игра за Германија.

Соса можеше да избира помеѓу репрезентациите на Хрватска и Германија, а на крајот го потврди она што вчера се најавуваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се е завршено. Мојот став не може да се промени. Ме побараа денес од ХНС, разговарав и со Златко Далиќ му ја соопштив мојата одлука и нема враќање. Селекторот беше коректен и ми посака среќен и тој сфати дека не може ништо да се направи повеќе“.

„Контактот со германскиот фудбалски сојуз започна пред три месеци. Германија ги превзема сите потребни мерки да заиграм за нив. Немаше никакви контакти со ХНС во тоа време. Ако одам на ЕП супер, ако не одам знам дека ќе играм на Светското првенство“, изјави Соса.

Соса беше член на репрезентацијата на Хрватска до 21 година, а 23 годишниот бек на Штутгарт сезонава одигра 24 натпревари во Бундеслигата. Во Германија дојде од загрепски Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал ја прослави титулата, Анчелоти направи шоу🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид ја прославија шампионска…