Дома Фудбал Репрезентации „Хрватска е најдобрата репрезентација против која сме играле во последните години“

„Хрватска е најдобрата репрезентација против која сме играле во последните години“

Хрватските фудбалери синоќа во Лисабон ја победија Португалија со резултат 2:1, во силен тест за двете селекции пред почетокот на Европското првенство во Германија.

Ова беше осми натпревар помеѓу овие две репрезентации и само прв триумф на Хрватска по шест порази и едно реми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Стоперот на Манчестер Сити по натпреварот беше запрашан од новинарка дали е загрижен пред почетокот на Европското првенство.=

„Не се грижиме, сакавме силен предизвик. Хрватска е најдобрата репрезентација против која сме играле во последните години. Вакви натпревари те прават подобар изјави Дијас. Натпреварот беше одличен искуство. Доминиравме во второто полувреме, а Хрватска постигна гол токму во моментите кога ние бевме подобри. Имаме многу простор да растеме“, изјави Дијас.

Португалија на Европското првенство ќе игра во група со Турција, Чешка и Груџија, додека Хрватска ја чека „групата на смртта“ со Шпаниај, Италија и Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …