Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Хрватска го отпушти членот на делегацијата кој ја објави спорната снимка (видео)

Хрватска го отпушти членот на делегацијата кој ја објави спорната снимка (видео)

Огнен Вукојевиќ е разрешен од должноста стручен соработк во хрватската репрезентација два дена пред полуфиналето против Англија.

Хрватскиот сојуз ја извести јавноста дека поранешниот репрезентативец поради спорната снимка на која ја поздравува Украина повеќе нема да биде член на делегацијата на Светското првенство во Русија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вукојевиќ порача: „Ова е победа за Украина и Динамо“, а Домагој Вида додаде: „Слава на Украина“.

Кај Хрватите постоеше страв дека Вида може да биде исфрлен од Мундијалот, но ФИФА само го опомени.

Во соопштението од Хрватскиот сојуз се наведува и дека сојузот со ваквиот потег сака да и се извини на руската јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…