Дома Трансфер зона Храбар потег на Иско

Храбар потег на Иско

Реал Бетис потпиша едногодишен договор со поранешниот шпански репрезентативец, Иско, како слободен играч.

31 годишниот Иско со својот претходен клуб, Севиља, договорот го раскина само после четири месеци откако се придружи на тимот, а тогашниот тренер Сампаоли рече дека поранешниот играч на Реал Мадрид не ги исполни неговите очекувања.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Искусниот везен играч, не играше скоро пола година, а во зимата пропадна трансферот со Унион Берлин, па сега се одлучи на храбар чекор и трансфер во Бетис. Познато е дека ривалството помеѓу Севиља и Бетис е најжешко, па сигурно нема да му биде пријатно на тоа дерби.

Иско пред Севиља играше за Валенсија, Малага и Реал Мадрид. Во Реал беше од 2013 година до 2022 година и освои се што може да се освои.

Репрезентативецот на Шпанија, во 38 наврати постигна 12 гола за националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Трагедија го погоди Охрид и Македонија: Млад фудбалер загина по пад со мопед

Oд фудбалскиот клуб Охрид објавија тажна вест дека нивниот млад фудбалер, 16-годишниот Ана…