Дома Фудбал Останато Хонда му се нуди на Милан: Секогаш сакав да ви помогнам!

Хонда му се нуди на Милан: Секогаш сакав да ви помогнам!

Јапонскиот фудбалер, Хонда пред неколку дена објави дека бесплатно би играл за Манчестер Јунајтед, а сега на Твитер означи друг клуб.

Хонда прво објави дека би сакал да добие понуда од Манчестер Јунајтед, бидејќи е спремен за тој клуб да игра бесплатно. Јапонецот очигледно стана очаен откако што неколку месеци е без клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Искусниот 33-годишен фудбалер за врска играше во Австралија за Мелбурн Виктори, но откако што го напушти овој клуб се уште не најде нов ангажман. Откако што го повика Јунајтед на Твитер сега на ред дојде и Милан за кој Хонда играше пред неколку години. Росонерите се наоѓаат во голема криза, а сезоната ја отворија со четири порази и со две победи. Јасно е дека Милан е во проблеми, а Хонда одлучи тоа да го искористи и да му понуди на клубот помош.

„Секогаш сакав да ви помогнам. Повикајте ме ако нешто ви треба“, напиша Хонда на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дијас имал договор со Ливерпул да биде продаден за конкретна сума, Барселона ја следи ситуацијата

Крилото на Ливерпул, Луис Дијас, има спогодба да замине ако “црвените” добијат…