Европскиот шампион Баерн Минхен го обнови интересот за талентот на Челзи, Калум Ходсон-Одој, пренесува „Скај Спорт“.
Баварците испратија неколку понуди за 19-годишниот крилен фудбалер уште во јануари, а последната понуда беше 35 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Челзи ги одби сите понуди и успеа да го убеди младиот фудбалер да стави потпис на нов долгогодишен договор.
Челзи значително се засили во летниот преоден рок, па јасно е дека Ходсон-Одој нема да има голема минутажа оваа сезона, и поради тоа инсистира да го напушти клубот.
Германските медиуми тврдат дека Баерн веќе се договорил со агентот на играчот и е блиску до договор со Челзи за трансфер во јануари.