Патрик Бамфорд беше соиграч со македонскиот напаѓач Езгјан Алиоски во Лидс, а во неговото последно интервју за англиските медиуми откри како македонскиот репрезентативец го научил на метод да се справува со повредите.
Алиоски поради добрите настапи на теренот, но и својот карактер беше омилен во Лидс помеѓу сиграчите додека овој тим беше предводен од Марсело Биелса.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега Бамфорд откри како од Алисоки научил да користи кромид при одредени повреди.
„Се сеќавате на Алиоски? Тој беше навистина интересен лик, тоа е фудбалер кој секој сака да го има во својот тим, а ако игра против вас ќе го мразите. Искрено, многу е интересен и прави добра атмосфера во соблекувалната“, започна Бамфорд за Алиоски, за потоа да појасни како дознал методот со кромидот.
„Еден ден се појави во собата на физиотерапевтите со чуден мирс. Не знаевме за што станува збор. Кога ги соблече тренерките видовме дека има ставено кромид на повреденото место. Најинтересно е што тоа му функционираше и беше подобар“, откри напаѓачот.