Фудбалерот на Јувентус, Венстон Мекени зборуваше како играњето во Јувентус го направило подобар на теренот.
Играчот од средниот ред претходно настапуваше за Шалке 04 и Лидс каде што беше како позајмен фудбалер. Сега е во Јувентус и под водство на Алегри ја покрива десната страна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Улогата која ми ја даде Макс не беше нова за мене. Во Шалке играв како бек, па така ми е познато. Меѓутоа јас сум тимски играч и не ми е важно каква улога имам, сакам да му помогнам на тимот да има добри резултати.
Во Италија многу научив за фудбалот и тактиката, во Германија и Англија трчавме многу напред-назаад, тука помалку се трча, а повеќе се посветува на внимание на позиционирањето. Тоа е она што сакав да го унапредам место да трчам како кокошка без глав“, низ смеа прокоментирал Мекени за новинарите.
Јувентус вчера го победи Наполи со 1:0 во дербито на Серија А и во овој момент „старата дама“ изгледа како тим кој може до самиот крај да се бори за Скудетото.