Фудбалерите Каменица Саса кои се натпреваруваат во Втората македонска лига за викендот беа поразени од Детонит Плачковица со 1:3, а од оваа средба ни пристигнува едно симпатично видео од младите „Багери“, навивачите на домаќините.
Младата гарда „Багери“ воодушевија со својата поддршка од трибините, па заслужуваат аплауз.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Инаку, Каменица Саса е последна на табелата во второлигашкото друштво со седум бода по 12 натпревари.