Дома Фудбал Останато Херојот на Ривер за „бомбата“: Го вежбав тој шут еден ден претходно (ВИДЕО)

Херојот на Ривер за „бомбата“: Го вежбав тој шут еден ден претходно (ВИДЕО)

kuintero

Колумбиецот Кинтер кој со „бомба“ од 16 метри постигна гол во вчерашното финале го вежбал тој удар и во натпреварот само го чекал погодниот момент,

Херој во победата на Ривер над Бока 3:1 во финалето од Копа Либератадорес беше Кинтеро кој во 108-та минута постигна гол за четврти трофеј на Ривер во ова натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претходно Прато во 69-тата минута го изедначи резултатот после голот на Бенедето за Бока пред крајот на првото полувреме. Точка на големата за Бока стави Мартинез во 120-тата минута кога голманот на Бока го остави својот гол празен и влезе во шеснаесетникот.

Интересно е што Кинтеро во интервјуто после натпреварот откри дека тој удар го вежбал на тренингот.

„Знаевме дека Бока е тим кој има добра тактика. Но, се боревме до самиот крај, започнавме да го покажуваме нашиот квалитет и во финишот направивме разлика. Кога во прашање е шутот, не размислував многу, ја примив топката, видов дека имам слободен простор и упатив удар. Еден ден претходно го вежбав тој шут и замислував како постигнувам гол за победа“, откри Кинтеро.

https://youtu.be/w4Vp88Ga5Fg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…