Дома Фото Хауард најави крај на голманската кариера

Хауард најави крај на голманската кариера

Легендарниот американски голман рим Хауард објави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.

Тој се огласи преку социјалните мрежи и на следбениците им откри дека оваа сезона за него ќе биде последна во професионалната кариера.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Многу се радувам на почетокот на новата сезона во МЛС, таа ќе биде моја последна во кариерата. Сега сакам да уживам во секоја минута.“ – помеѓу другото напиша Хауард.

Инаку, тој денеска е член на Колорадо Рапидс, а на пошироката јавност е познат бидејќи своевремено бранеше за Манчестер Јунајтед и Евертон. Во редовите на Црвените ѓаволи помина три, а кај Карамелите десет сезони. За репрезентацијата на САД запиша 121 натпревар.

Во текот на кариерата го освои ФА Купот, Суперкупот на Англија и два пати Голд Купот со репрезентацијата на САД. Два пати е прогласен за најдобар играч на САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…