Дома Топ вести Хари Кејн утре потпишува за Баерн Минхен

Хари Кејн утре потпишува за Баерн Минхен

Откако Тотенхем ги одби првите две понуди од Баерн Минхен за Хари Кејн, Баварците не се откажуваат и спремија нова понуда.

Баерн е одлучен во намерата да го доведе Хари Кејн на „Алијанц Арена“, а самиот фудбалер веќе ги договори личните услови и притиска за трансфер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Баварците веќе испратија офоцијално две понуди, и и двете беа одбиени од страна на Тотенхем, кој уште еднаш се покажа како тежок преговарач.

„Билд“ пренесува дека германскиот клуб спрема нова понуда од 90 милиони евра, која Тотенхем е спремен да ја прифати.

Медиумите најавуваат дека договорот е на повидок и дека Кејн утре би требало да пристигне во Минхен на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…