Англиските медиуми пренесуваат дека Хари Кејн постигнал договор со Баерн Минхен и сака преселба на „Алијанц Арената“.
Порано утрово медиумите пренесоа дека Тотенхем ја одбил првата понуда на Баварците од 70 милиони евра плус бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, сега „Билд“ пренесе дека Хари Кејн веќе ги договорил личните услови со Баерн и го протиска Тотенхем да го пушти во Минхен.
Баерн во наредните денови спрема нова понуда за Англичанецот, а со оглед на фактот дека Кејн влезе во последната година од договорот, се верува дека Тотенхем сепак ќе попушти.
🚨🚨 𝗔𝗚𝗥𝗘𝗘𝗠𝗘𝗡𝗧 𝗜𝗡 𝗣𝗥𝗜𝗡𝗖𝗜𝗣𝗟𝗘 𝗕𝗘𝗧𝗪𝗘𝗘𝗡 𝗛𝗔𝗥𝗥𝗬 𝗞𝗔𝗡𝗘 𝗔𝗡𝗗 𝗕𝗔𝗬𝗘𝗥𝗡!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 27, 2023
The German club must now reach an agreement with Tottenham over a fee.
(Source: @cfbayern) pic.twitter.com/qg6vAFKvW7