Хари Кејн во овој момент е прва ѕвезда на Тотенхем и една од најголемите воопшто во Премиер лигата.
Во својата последна изјава медиумите Кејн зборуваше што ќе прави после завршувањето на кариерата како фудбалер и изненади многумина – сака да игра американски фудбал и тоа во НФЛ лигата!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе навикнавме големите европски фудбалски ѕвезди во залезот на кариерата да одат да играат во Кина или САД. Таков беше случајот со Андреа Пирло, Дејвид Бекам, Златан Ибрахимовиќ….Во минатото кариерите во МЛС лигата ги завршуваа и фудбалери како Пеле и Бекенбауер.
Кејн исто така има намера за преслба во САД, но неговиот план е поинаков од оној на неговите колеги кои играа фудбал во САД.
„Моја голема желба е да се пробам во НФЛ лигата. Сакам да играм како шутер. Сигурен сум дека ќе се обидам во следните 10-12 години“, изјави Кејн за „ЕСПН“.
Инаку, во САД во НФЛ лигата шутерите се играчите кои се најмалку платени, но Кејн ја става својата желба пред парите.
„Најважно е да бидете најдобар. Ако играш на мобилен, можеш ли да бидеш најдобар? Сигурно дека не. Но, ако играш на Европско, Светско првенство и во Премиер лигата, па ако се обидеш во НФЛ сигурно дека во светот ќе бидеш сметан за еден од најголемите спортисти“, смета сегашниот напаѓач на Тотенхем.