Дома Трансфер зона Хари Кејн има договор со Манчестер Сити

Хари Кејн има договор со Манчестер Сити

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Хари Кејн.

Англиските медиуми откриваат дека Кејн веќе се договорил со „граѓаните“ и во наредните пет години на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сити и Тотенхем ги започнаа преговорите, но тие не се одвиваат глатко. „Граѓаните“ понудија 100 милиони фунти плус опција да вклучат некој од своите играчи.

Тотенхем првично ја одби понудата, но преговорите продолжуваат бидеќи Кејн инсистира да се пресели во Манчестер Сити.

Медиумите  на Островот се сигурни дека ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.

Тотенхем за слободата на напаѓачот бара 150 милиони фунти, но Сити се обидува да ја намали таа сума преку преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…