Арсенал вчера на својот стадион победи со 3:1 против Манчестер Јунајтед во натпревар кој беше тензичен до последен момент.
Топџиите успеаја да постигнат два гола во последните моменти од натпреварот и со тоа да победат против Манчестер Јунајтед.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
По натпреварот во просториите на Емирати беа видени ужасни работи, а во главна улога беше легендарниот Рој Кин.
Имено, тој се упати кон студиото на Скај Спорт каде по натпреварот требаше да дадат свој коментар со Мика Ричардс.
На пат до таму влегол во конфликт со навивач кој очигледно сè сфатил премногу сериозно.
Како што пренесуваат англиските медиуми, навивачот решил да го удри Кин со глава и настанал вистински хаос.
Откако го удрил во глава, потоа го фатил за глава, присутните веднаш реагиралее за да не дојде до поголема тепачка.
На видеото јасно се гледа како Мика Ричардс ја држи личноста која го направила сето ова и чека да пристигне обезбедувањето.
Micah Richards was not having it omds 😭😭😭😭 pic.twitter.com/bjXnmzsljq
— Sjayy 🎱 (@sjayy24s) September 3, 2023