После срамниот пораз од Ливерпул на Олд Трафорд се случуваат сериозни потреси во Манчестер Јунајтед.
Солскјер „преживеа“ и остана на клупата, но не се знае до кога, бидејќи полека ја губи контролата во соблекувалната.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Имено, Солскјер во вторникот имал сериозен состанок со играчите на кој имало сериозни обвинувања.
„Тајмс“ објави дека на состанокот секој од играчите имал можност да си каже што мисли за состојбата на клубот.
Се чини дека посебно на удар е Хари Мегваер, па еден од играчите го прашал Солскјер дали е во ред да му ја даде капитенската лента после само шест месеци во клубот.
Посебна замерка за менаџерот била и тактичката поставка и фактот дека ништо не менува во тимот и покрај поразите, иако некои играчи се наметнуваат на тренинг.