Јувентус лошо ја почна сезоната, со само еден бод во првите две кола, но во последно време се нарушија и односите во клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Масимилијано Алегри им е лут на луѓето од раководството за тоа како го одработиле преодниот рок.
Кристиано Роналдо замина во последните денови од преодниот рок и не беше соодветно заменет бидејќи во нападот пристигна само Моис Кин.
Алегри е лут затоа што не бил таков договорот со Андреа Ањели кога реши да се врати во Торино, а притоа Јувентус не го засили соодветно и средниот ред, што беше приоритет за тренерот.