Наполи веќе е во проблеми по синоќешниот реми во Белгија против Генк.
Тоа не беше натпревар за да го охрабри Анчелоти, а Ил Матино тври дека имало тивок судир помеѓу тренерот на Наполитанците и Лоренцо Инсиње. Капитенот на клубот не беше во протоколот против Генк што ги подгреа сомнежите дека постојат несогласувања на реалација играч-тренер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се шпекулира дека Инсиње би можел да го напушти клубот во јануари, интерес постои, Клоп и понатаму го сака во Ливерпул. За сличен потег размислува и Дрис Мертенс чиј договор истекува следното лето. Наполи за сега не покажува иницијатива да го задржи Белгијанецот што би можело да биде пресудно во неговата одлука да го напушти Неапол.