Дома Фудбал Останато Хаос во Женева: На напаѓачот на Турција му беше нападнато семејство, па тој се закануваше со „сечење глави“! (Видео)

Хаос во Женева: На напаѓачот на Турција му беше нападнато семејство, па тој се закануваше со „сечење глави“! (Видео)

Репрезентациите на Турција и Тунис вчера во Женева одиграа пријателски натпревар кој завршо без победник 2:2, а натпреварот беше обележан од инцидентот во кој учествуваше турскиот репрезентативец, Ценк Тосун.

Турција поведе со голот на Тосун од пенал во 54 минута, а тогаш на трибината на која беа сместени навивачи на Тунис беше нападнато неговото семејство.
Кон неговиот татко и чико беше фрлена некоја запалива направа, поради што капитенот на Турција не можеше да остане мирен. Дојде до трибините и на навивачите им испраќаше смртни закани, сакаше да се пресмета, а соиграчите едвај успеаа да го смират.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот беше прекинат, Тосун заработи црвен картон, прв во кариерата.

Тунижаните веднаш во следниот напад изедначија, подоцна стигнаа и до водство за Турците со голот во завршницата да стигнат до реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Возачот на Џошуа за време на несреќата може да заврши во затвор!

Возачот кој го управувал возилото во несреќата на Ентони Џошуа ќе биде обвинет и му се зак…