Дома Фудбал Англија Халанд сруши рекорд кој го држеше Енди Кол

Халанд сруши рекорд кој го држеше Енди Кол

Eрлинг Халанд постигна хет-трик во победата над Фулам и така продолжи да испишува историја во Премиер лигата.

Норвежанецот вчера стана играчот на кој му било потребно најмалку време да дојде до 50 голови и асистенции вкупно. На Халанд му беа потребни 39 натпревари во најсилната англиска конкуренција за да постигне 41 гол и да додаде девет асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така Халанд го сруши рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни 43 натпревари. Ова е само уште еден во низата рекорди кои ги руши Халанд и сигурно нема да биде последен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…