Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд одигра одлична сезона во која ја освои титулата во Премиер лигата со „граѓаните“, а го чека и финале во Лигата на шампионите.
Норвежанецот постигна 36 голови во првенството и сруши многу рекорди. Халанд признава дека животот му се променил откако пристигнал во Англија од редовите на Борусија Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам повеќе нормално да живеам. Тешко ми е да правам најобични работи, но таков ми е животот, тоа е цената која ја плаќаме и нема да се жалам. Се обидувам да бидам она што сум, секој ден сум опкружен со искрени, пристојни и добри луѓе, тоа е клучно“.
Призна Халанд дека никогаш не ги гледа своите натпревари.
„Гледам фудбал во слободно време, но никогаш не ги гледам своите натпревари. Многу други фудбалери тоа го прават, меѓутоа јас не верувам дека нешто би се променило. Ако го правам тоа премногу ќе размислувам за својата игра, а по мене тоа не е добро“, изјави Халанд.