Хозе Луис Родригез е еден од најдобрите фудбалски менаџери во Централна Америка, сега тој зборуваше натпреварот на Светското првенство помеѓу Хондурас и Норвешка на 30. мај во 2019 година.
Тој натпревар ќе остане запаметен затоа што во спортскиот свет тогаш за првпат силно одекна името на Ерлинг Халанд. Денешната ѕвезда на Борусија Дортмунд постигна девет гола во победата од 12:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ужасниот пораз на Хондурас се уште не се заборава во нивната земја.
„Фудбалерите во Хондурас и денес се срамат од тој пораз и не сакаат да зборуваат. Многу години ќе им бидат потребни да го преболат. До тој ден за Халанд не знаевме ништо, дојде сосема неочекувано. Играте Светско Првенство и очекувате до некаде изедначени натпревари, но тогаш Норвешка почна да не уништува од првата секунда“.
„За еден фудбалски фан беше интересно да се гледа, меѓутоа за фудбалерите на теренот беше болно. Цела земја зборуваше лошо за нив, притисокот од јавноста беше огромен, се бараа оставки од тренерот, претседателот на федерацијата….Фудбалот е важна работа кај нас и сите имаа свој коментар“.
„Изминаа две години, но се уште се коментира за тој пораз. Пример, Весли Декас, играчот кој требаше да го чува Халанд пред некое време ми кажа: Секогаш кога ќе видам дека Халанд дал гол се потсетувам на моето најлошо искуство. Никогаш нема да престане да боли“.
Родригез еден ден по тој пораз на Хондурас имал и средба со Халанд.
„Тој ги уништи моите фудбалери, но јас сум фудбалски фан и сакав да се сликам со него. Тогаш започна неговата голема приказна. Во таа прилика му кажав: Беше неверојатен, ги уништи моите момци, а тој ми одговори: Лут сум на себе, можев да постигнам 11 голови, промашив уште две добри прилики“.
Инаку, Родригез го следел натпреварот во живо затоа што бил одговорен за кариерата на четворица играчи на Хондурас од таа селекција.