Ерлинг Халанд игра одлично во својата прва сезона во Манчестер Сити, а англиските медиуми пишуваат дека тој немал намера долго да остане во Премиерлигата.
Имено, Халанд при потписот на договор со Манчестер Сити добил клаузула според која би можел во 2024 година да се пресели во Реал Мадрид за 175 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, таа клаузула не важи доколку тренерот Пеп Гвардиола биде тренер на „граѓаните“, а бидејќи тој стави потпис на нов договор, тоа значи дека Халанд не може да се пресели во Мадрид за 175 милиони евра.
Халанд досега настапи на 37 меча за „граѓаните“ во сите конкуренции, а притоа постигна дури 42 гола и пет асистенции.