Дома Фудбал Англија Халанд го прекршил законот во Англија, ќе плати казна

Халанд го прекршил законот во Англија, ќе плати казна

Норвешка имаше лош старт на квалификациите за Европското првенство, кое ќе се игра во 2024 година во Германија, затоа што на стартот загуби кај Шпанија со 0-3, а потоа одигра 1-1 против Грузија.

Очигледно на Норвешка не ѝ оди без најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд, кој е повреден во моментов, но тоа не го спречува да ги крши законите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Халанд го користел својот телефон додека се возел околу „Итихад“ и поради тоа ќе мора да плати казна од 200 фунти, но и да му бидат одземени шест бодови од возачката дозвола.

Норвежанецот е забележан како го вози својот автомобил од 300.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер по секоја цена посакува еден од најдобрите во Рим

Ману Коне, дефанзивец од средниот ред на Рома, повторно е на радарот на Интер. Францускиот…