Неверојатниот настап на Ерлинг Халанд постигна пет гола во победата од 7-0 против Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите, сосема очекувано е главна тема на Островот денес.
Дуелот меѓу напаѓачот на Сити, кој важи за најдобар млад напаѓач во светот и Хрватот Јошко Гвардиол, кој беше прогласен за најдобар млад стопер и кој веќе го бараат најбогатите клубови во светот, целосно му припадна на Норвежанецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој од 22. до 63. минута пет пати успеа да ја погоди мрежата на гостите, а Гвардиол апсолутно ништо не му можеше. Интересно е што Хрватот одигра очајно против Халанд, иако беше одличен на првиот натпревар против истиот ривал (1:1).
Меѓутоа, сега сè беше поинаку. Рио Фердинанд, поранешениот стопер на Манчестер Јунајтед и Англија, а сега стручен коментатор истакна дека Халанд го уништил хрватскиот дефанзивец.
„Многу зборувавме за него. Најголемите светски клубови го посакуваат, но Халанд се покажа како преголем залак. Го мачеше и го уништи. Гвардиол беше премногу нервозен и Халанд го победуваше на секој дуел. Овој натпревар беше кошмар за него“, истакна Фердинанд.