Дома Фудбал Англија Халанд ги излажа фановите на Сити за тоа кој е негов фудбалски идол 🎥

Халанд ги излажа фановите на Сити за тоа кој е негов фудбалски идол 🎥

Ерлинг Халанд како големо засилување пристигна во Манчестер Сити каде што ќе биде новата „деветка“ и ќе се обиде да му помогне на тимот да освојува трофеи.

Меѓутоа неговата изјава на претставувањето баш и не беше најдобро прифатена од фановите на „граѓаните“. Можеби во прв момент да беше, но не потоа кога беше откриено дека Норвежанецот не ја зборува вистината.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден од фановите му постави прашање на Халанд кој бил негов најголем идол. Откако малку размисли Халанд го кажа Серхио Агуеро, иконата на Сити. Во продолжение од изјавата додаде и дека има голема колекција дресови од Аргентинецот.

Меѓутоа по оваа изјава фановите на социјалните мрежи го потсетија што зборуваше пред две години. Тогаш Халанд не криеше дека негови идоли се Роналдо и Ибрахимовиќ. Сепак, на претставувањето веројатно му беше незгодно да кажеш дека идоли тие се легенда и поранешен играч на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…