Tajсон Фјури вчера ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата откако на стадионот на Тотенхем во Лондон го победи Дерек Чисора со прекин на мечот од страна на судијата во десеттата рунда.
Тоа беше 34. професионален дуел за Фјури кој има учинок од 33 победи и едно реми. Единственото реми со Вајлдер во 2018 година кого потоа двапати го победуваше.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вчера Чисора беше далеку од достоен ривал за Фјури кој беше блиску да го нокаутира, но ѕвончето за крај на рундата го спасуваше. Иако се ривали во рингот, Фјури и Чисора се и добри пријатели тоа го покажаа и по борбата кога поделија неколку хамбургери во соблекувалната.
🍔 @Tyson_Fury and @DerekWarChisora share a Five Guys after their fight.#FuryChisora pic.twitter.com/emhjiTFGxU
— Frank Warren (@FrankWarren) December 4, 2022