На денешната седница на Управниот одбот на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– У.О. на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) кои ќе се распределат на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2МФЛ, Трети лиги, Младински конкуренции и Женска фудбалска лига);
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
– У.О. на ФФМ донесе одлука за враќање на паричните средства од продажбата на билети за полуфиналето од Лига на Нации меѓу Македонија и Косово;
– У.О. на ФФМ ги усвои предлог пропозициите за Куп натпреаврување во футсал за натпреаврувачката сезона 2020/21, пропозициите за Втора футсал лига за натпреаврувачка сезона 2020/21 и предлог пропозициите во млади категории за девојчиња за натпреварувачката сезона 2020/21;