Дома Фудбал Репрезентации ФФМ: Прекрасна вечер! Благодарност до навивачите, репрезентацијата, селекторот, стручниот штаб…

ФФМ: Прекрасна вечер! Благодарност до навивачите, репрезентацијата, селекторот, стручниот штаб…

Фудбалската федерација на Македонија денес, по вчерашното реми против Англија во Скопје пред полн стадион изрази благодарност до сите бидејќи големиот настан поминал без никаков посериозен инцидент.

„Почитувани навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација,


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ви благодариме за поддршката.

Благодарност до нашите навивачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во организацијата на натпреварот Македонија – Англија.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини пред натпреварот најави дека сите ќе имаат можност да видат каква е репрезентацијата на Македонија и какви се нашите навивачи.

Беше во право, тоа беше вечер со која сите можеме да се гордееме!

Горди сме што за мечот Македонија – Англија беше продадена и последната достапна влезница, што покажува дека Федерацијата правилно ја утврди цената на билетите.

Исклучително сме среќни што прекрасната фудбалска вечер помина без ниту еден сериозен инцидент. Ние тврдевме дека Македонија може да биде земја без расизам, национализам, дискриминација, вербално и физичко насилство на стадионот, а тоа го потврдивте со вашето однесување на Националната арена „Тодор Проески“.

Ви благодараме!

Колку им значат полните трибини, нашите репрезентативци покажаа со одличен настап и важен резултат, а во своите изјави ја истакнаа важноста на навивачите.

Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува на Министерството за внатрешни работи и на сите институции за сработеното пред, за време и по натпреварот. ФФМ доби максимална поддршка натпреварот да помине без безбедносни проблеми.

Благодариме на секој поединец што придонесе да биде таков.

До следниот натпревар.

Напред Македонија“, стои во објавата на федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…