Дома Македонски спорт ФФМ организатор на првиот регионален фитнес семинар за судии. Сејдини и Поповски: Посветено работиме на развој на сите сегменти на фудбалската игра

ФФМ организатор на првиот регионален фитнес семинар за судии. Сејдини и Поповски: Посветено работиме на развој на сите сегменти на фудбалската игра

Фудбалската федерација на Македонија за прв пат, воопшто, надвор од рамки на УЕФА, е организатор на првиот регионален  фитнес камп / семинар за судии. 

Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кои учествуваат судии (машка и женска судиска тројка) од десет држави од регионот. 


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


За предавач на семинарот, ФФМ успеа да го обезбеди Вернер Хелсен. Главниот тренер за судии на УЕФА ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства. 

На отворањето на семинарот, присутните судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија беа поздравени од раководството на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

“Ние како Фудбалска федерација на Македонија веруваме дека само со работа може да се постигне развој на сите полиња. Затоа и во овој сегмент, за развојот на судиите сметаме дека е неопходна континуирана едукација на сите нивоа за да се достигне повисок степен на знаење, но исто така и на физичка подготвеност. Целосно стоиме на располагање, како и досега, на сите наши заинтересирани страни да ја обезбедиме поддршката и да се посветиме на развојот на фудбалската игра, изјави во своето обраќање претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

“Наша цел и овој пат, со организација на првиот семинар во ваква рамка е да размениме знаења и искуство во делот на судењето и фитнес подготовката на судиите, но исто така и да изградиме нови мостови на соработка и поврзување. Делот од предавањата и практичната подготовка сакавме да го прошириме со останатите колеги од регионот, како што впрочем го правиме во останатите сегменти на фудбалската игра. Благодарност до сите кои придонесуваат да имаме убаво и искуство кое ќе не направи и посилни и побогати со знаење”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…