Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ не издаде лиценца за настап во Европа на Вардар, Пелистер и Беласица

ФФМ не издаде лиценца за настап во Европа на Вардар, Пелистер и Беласица

Во ПМФЛ веќе е јасно кој ќе игра во Европа, а денеска ФФМ информираше за тоа кој клубови добиле и не добиле лиценци за настап.

Лиценци за настап во Европа не добија: Вардар, Пелистери Беласица. Борец се откажал од процесот за лиценцирање, додека А. Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ ја добиле потребната лиценца.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД – Струмица

2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

3.  ФК Работнички АД – Скопје

4.  ФК Ренова АД – с.Џепчиште

5.  ФК Силекс АД – Кратово

6.  ФК Струга ТримЛум АД – Струга

7.  ФК Шкендија АД – Тетово

8.  ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:

1.  ФК Беласица АД – Струмица

2.  ФК Вардар АД – Скопје

3.  ФК Пелистер АД – Битола

ФК Борец 1919 АД – Велес се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Воска има нов тренер: Захариевски си замина

Воска Спорт во новата сезона ќе влезе со многу промени. Клубот денеска преку официјално со…