Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ им ги врачи билетите за ЕП на вработените од клиниката за Инфективни болести

ФФМ им ги врачи билетите за ЕП на вработените од клиниката за Инфективни болести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска, им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, кои организирано ќе ги следат натпреварите на Македонија на ЕП.

ФФМ веќе им даде предност на здравствените работници кои аплицираа за купување на билети за ЕП, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им овозможи влезници за натпреварите на Македонија на ЕУРО 2020.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста трудот што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности“, изјави Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…