Дома Фудбал ФФМ го одржа Собранието – се формира единствена Втора лига, остварена добивка од 4.3 милиони евра

ФФМ го одржа Собранието – се формира единствена Втора лига, остварена добивка од 4.3 милиони евра

Фудбалската федерација на Македонија денес го одржа генералното собрание на кое присуствуваа 55 од вкупно 58 делегати. На собранието присуствуваа и претставниците на УЕФА, Чарлс Борман и Денис Бастари.

Lazar Keskinov

На собранието се потврди измената за системот на натпревари во Првата лига во сезоната 2022/2023 каде ќе останат 12 клубови, но ќе се формира и единствена Втора лига со 16 клуба.

Lazar Keskinov

Фудбалската федерација на Македонија остварила приход од 19 милиони евра, а најголемиот дел од нив се инвестирани во подобрување инфраструктурата и на опслужување на фудбалските репрезентации. На крајот на годината, ФФМ остварила добивка од 4,3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…