Денес Фудбалската федерација на Македонија го потврди денот кога ќе се одржи Редовното годишно изборно собрание за 2021 година.
Управниот одбор на куќата на фудбалот одлучи тоа да биде на 14 март. На тоа собрание ќе се избира претседател на ФФМ. Исто така Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која ја измени регулативата што се однесува на антидопинг материјата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Актуелниот прв човек на ФФМ, Муамед Сејдини ќе се кандидира откако ОФС Кичево му ја даде поддршката.