Дома Трансфер зона Фулам го врати Митровиќ за 23 милиони фунти

Фулам го врати Митровиќ за 23 милиони фунти

Новиот премиерлигаш Фулам официјално го потврди кам-бекот на Александар Митровиќ за 23 милиони фунти.

Фулам потврди дека го купил српскиот репрезентативец од Њукасл и дека Митровиќ ставил потпис на договор до 2023 година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според англиските медиуми Фулам за потписот на Митровиќ платил 23 милиони фунти.

Српскиот напаѓач послдедните шест месеци беше на позајмица во Фулам каде импресионираше и му помогна на тимот да се пласира во Премиер лигата.

Под водство на неговиот сонародник Славиша Јокановиќ кој е менаџер на Фулам, Митровиќ лани во Чемпионшип лигата одигра 17 натпревари и постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…