Англискиот фудбалер од редовите на Њукасл, Џамал Ласкалес, со своите фанови сподели една интересна информација.
Имено, овој 23 годишен фудбалер кој како што кажавме настапува за Њукасл сеуште од својата мајка добива по пет фунти за секој постигнат погодок, оваа традиција во семејството на Ласкалес трае уште од неговото детство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека Ласкалес настапуваше за младинскиот тим на Нотингем Форест, неговата мајка го мотивирала со „бонус“ од пет фунти за секој гол кој ќе го постигне.
Некогаш овие пет фунти на Ласкалес му значеле многу, но сепак тој и денеска им се радува на еден посебен начин.
Иначе, Џамал Ласкалес игра на позицијата централен дефанзивец, но оваа сезона е посебно расположен за постигнување погодоци. На последните два натпревари за Њукасл, тој постигна и два погодоци и веројатно стана побогат за 10 фунти.