Дома Фудбал Останато Фудбалер на Тотенхем може да добие суспензија од 12 натпревари?!

Фудбалер на Тотенхем може да добие суспензија од 12 натпревари?!

Aнглискиот фудбалски сојуз отвори истрага против фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентакур бидејќи на расна основа го навредил соиграчот Сон Хеунг Мин.

Во разговор за уругвајската телевизија, водителот на „Канал 10“ го праша уругвајскиот репрезентативец за дрес од играчот на Спарс, па доби одговор: Дресот на Сон? Би можел да биде и роднина на Сон, сите изгледаат исто“, изјави Бентакур.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бентакур подоцна се извини на Инстаграм истакнувајќи дека тоа било „лоша шега“. ФА порача дека 27-годишниот фудбалер е обвинет за кршење на правилото за недолично однесување во интервју за медиумите.

„Би-Би-Си“ додаде и дека Бентакур има рок до четвртокот да одговори на обвинението. Истовремено организација која се бори против дискриминацијата објави дека добила голем број на пораки поради изјавата на Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим залудно се убедуваше со управата – нема да ја остварат желбата вредна 46 милиони евра

Рубен Аморим не успеа да го убеди Манчестер Јунајтед да направи голем чекор за ѕвездата на…