Дома Трансфер зона Фудбалерот на Атлетико одби да се пресели во Премиер лигата

Фудбалерот на Атлетико одби да се пресели во Премиер лигата

Како што пренесува Гилијам Балаг, фудбалерот на Атлетико Мадрид одбил да се пресели во редовите на Свонси.

Фудбалерот од средината на „јорганџиите“, Николас Гаитан не е во прв план кај Диего Симеоне оваа сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Аргентинецот запиша само 10 настапи во тековната сезона се очекуваше да замине оваа зима, но сепак не го направи тоа, барем не до овој момент.

Голем интерес за неговите услуги покажа тимот на Свонси, но како што пренесува новинарот на „Скај“ , Гаитан ја одбил оваа можност.

„Лебедите“ се обидуваат да се засилат во борбата за опстанок која веројатно ќе ја водат до самиот крај, но кога е средината во прашање ќе мораат да бараат некое ново решение.

Да потсетиме, до крајот на преодниот рок остануваат само уште два дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…