Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерот кој може да дебитира против Македонија: Од социјалните мрежи дознав дека сум повикан

Фудбалерот кој може да дебитира против Македонија: Од социјалните мрежи дознав дека сум повикан

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија ако настапи ќе биде посебен за фудбалерот на Монца Андера Колпани кој го доби првиот повик во националниот тим.

Колпани зад себе има солидна сезона во Серија А и неговите настапи не поминаа незабележано од селекторот Лучијано Спалети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За медиумите сега тој откри дека за повикот дознал преку социјалните мрежи.

„За мене е лудо што ќе играм во националниот тим со шампиони какви што имаа нашата селекција. На социјалните мрежи видов дека сум повикан. Пред крај бев со тренингот против Торино и го отворив мобилниот да ја видам листата на повикани фудбалери. Така дознав.

Но, со оглед на настапите, искрено се надевав дека ќе дојде повикот. Давам се од себе за Монца, голема е емоцијата да се биде дел од Италија, не можам да опишам“, изјави Колпани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…