Дома Македонски спорт Фудбалерките со 11 примени гола се враќаат од гостувањето во Франција

Фудбалерките со 11 примени гола се враќаат од гостувањето во Франција

Македонската женска А репрезентација убедливо е поразена од Франција на гостински терен во квалификациите за Европското првенство. СилнатаФранција славеше со високи 11:0 (5:0).

Нашите фудбалерки по добриот почетокво квалификациите и победата над Казахстан (4-1), во француски Орлеан го запишаа четвртиот пораз во низа, а втор од фаворизираната Франција. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинките од својот прв напад стигнаа до водство од 1:0. Резултатот го отвори Гoвин, а само четири минути подоцна Ле Сомер зголеми на 2:0. Истата фудбалерка во 21. минута погоди за 3:0, додека до крајот на првиот дел нашата мрежа ја затресоа уште Де Алмеида и Диани (5-0).

Ништо не се промени ниту во вторите 45 минути. Франција продолжи со доминацијата и уште шестпати ја затресе нашата мрежа за конечна победа од 11:0.

До крајот од квалификациите, нашата женска репрезентација ја очекува уште еден натпревар против Казахстан на гостински терен. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…