Дома Фудбал Останато Фудбалери на Црвена Звезда имаат корона, откажан денешниот тренинг

Фудбалери на Црвена Звезда имаат корона, откажан денешниот тренинг

Фудбалерите на Црвена Звезда, Марко Говејлиќ, Вељко Симиќ, Негош Петровиќ и Марко Конатар наводно се позитиви на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Пред неколку дена медиумите објавија дека капитенот на „црвено-белите“ Вујадин Савиќ и неговата сопруга се заразени со корона вирус.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Дербито помеѓу Партизан и Црвена Звезда кое се играше пред полни трибини крена голема прашина и наводно од тој меч се заразиле многу луѓе.

Чудно беше тоа како во Србија се решија да играат пред толку навивачи, иако Ковид-19 се уште не беше минато за земјата. Дербито поради тоа се најде на насловните страни на светските медиуми, меѓутоа голем број експерти предупредуваа дека тоа може „биолошка бомба“.

Денес српските медиуми пренесуваат дека има заразено и неколку полицајци кои присуствувале на дербито, а наводно тоа е причината и за заразата кај фудбалери на Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато е кога ЦрвенаЅвезда го претставува Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ по вторпат ќе го преземе тимот на Црвена Ѕвезда од Владан …