Утре во рамките од 18. коло во првата македонска лига својот натпревар ќе го играат и екипите на Борец и Шкупи. Шкупи гостува на „Зоран Паунов“ во Велес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фреди Алварез за клупскиот сајт на Шкупи го најави утрешниот натпревар.
„Свесни сме дека не чекја тежок натпревар во Велес. Сепак, ние мораме да се броиме за трите бодови и да ја задржиме предноста на табелата. Одиме по победа и тоа е јасно“, изјави Алварез.
Претходниот натпревар оваа сезона помеѓу Шкупи и Борец заврши со победа од 3:0 за чаирчани.
Фото: ФК Шкупи